Линкови за пристапност

НБА: Санс изедначија против Лејкерс


Кај Лос Анџелес предводеше Коби Брајант со 38 поени

Феникс санс ги поразија гостите Лос Анџелес лејкерс со 115:106 и изедначија на 2:2 во серијата најдобар од седум натпревари во финалето на Источната конференција на НБА.

„Сонцата“ имаа несекојдневна поддршка од резервните играчи кои заедно постигнаа 54 поени. Чанинг Фрај и Леандро Барбоса забележаа по 14 поени, а Џаред Дадли уфрли 11. Најпрецизен кај Феникс беше Амар Стадемаер со 21 поен.

Кај Лос Анџелес предводеше Коби Брајант со 38 поени.

Следниот меч се игра во четврток во Лос Анџелес.

Во Источната конференција, Орландо средата навечер го пречекува Бостон. Резултатот е 3:1 за Бостон.

XS
SM
MD
LG