Линкови за пристапност

Лос Анџелес сигурен на домашен терен против Феникс


Вториот од серијата седум натпревари во финалето на Западната конференција се игра в среда во Лос Анџелес.

Лос Анџелес лејкерс ја забележа првата победа над Феникс санс во серијата плеј-оф натпревари во финалето на Западната конференција на НБА со 128:107.

Коби Брајaнт постигна 40 поени и покрај повредата на десното колено, поради која не тренираше изминатава недела. Во редовите на Феникс најуспешен стрелец беше Амар Стадемаер со 23 коша.

Вториот од серијата седум натпревари во финалето на Западната конференција се игра в среда во Лос Анџелес.

Серијата во Источната конференција меѓу Бостон селтикс и Орландо меџик продолжува во вторник. Во моментов Бостон води со 1-0.

XS
SM
MD
LG