Линкови за пристапност

Антиќ со 7 поени во шестата по ред победа на Атланта


НБА: Резултати
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:03 0:00

НБА: Резултати

Преглед на најинтересните натпревари синоќа во НБА

Атланта хоукс на домашен терен го совлада Денвер нагетс со 96-84. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ мина 15 минути во игра и постигна 7 поени. Ова е шеста последователна победа на Атланта.

***

Лос Анџелес лејкерс повторно со пораз, овојпат на домашен терен од Њу Орлеанс пеликанс. Коби Брајант имаше скромен учинок со само 14 поени, додека Ентони Дејвис во редовите на Пеликанс беше незапирлив со 23.

***

Њујорк никс во Медисон сквер гарден во финишот на натпреварот немаше среќа и загуби од Портланд траилблејзерс со 103-99. Кај Портланд најпрецизен беше Ламаркус Олдриџ со 24, а кај Никс - Кармело Ентони со 23 поени.

***

Бостон селтикс на домашен терен го совлада Вашингтон визардс со 101-93. Кај гостите од главниот град, Џон Вол постигна 17 поени, а имаше и 14 асистенции. Сепак, ѕвезда на вечерта беше Џеф Грин од „Зелените“ - незапирлив со 25 поени.

XS
SM
MD
LG