Линкови за пристапност

Морнарицата спроведува истрага за „несоодветен“ видео материјал


Морнарицата спроведува истрага за „несоодветен“ видео материјал
Морнарицата спроведува истрага за „несоодветен“ видео материјал

Морнарички портпарол, командантот Крис Симс, изјави дека морнарицата не поддржува или одобрува вакви постапки

Американската морнарица ги истражува извештаите за, како што наведува, „несоодветни“ видео-снимки направени на носачот на авиони Ју-Ес-Ес Ентерепрајс.

Во извештајот објавен во саботното издание на весникот „Вирџинијан-пајлот“ се наведува на снимките, прикажани на 6.000-от екипаж, вклучуваат и сцени на жени кои се преправаат дека заедно се тушираат, како и офицери кои користат навредливи изрази за хомосексуалци.

Морнари за весникот изјавиле дека извршниот офицер на бродот во тоа време, Овен Хонорс, ги продуцирал и учествувал во снимањето на видео-материјалот во 2006-та и 2007-та година. Хонорс во моментов е капетан на бродот Ентерпрајс.

Морнарички портпарол, командантот Крис Симс, изјави дека морнарицата не поддржува или одобрува вакви постапки.

XS
SM
MD
LG