Линкови за пристапност

Три деца загинале во експлозија на бомба во Авганистан


Три деца загинале во експлозија на бомба во Авганистан
Три деца загинале во експлозија на бомба во Авганистан

Во експлозијата биле повредени најмалку пет лица, меѓу кои и чувари пред домот на Ага

Официјални лица во Авганистан јавија дека три деца загинале кога бил активиран експлозив натоварен на магаре во градот Кандахар во јужниот дел на земјата. Децата биле внуци на племенскиот водач Фазлудин Ага кој ја водеше изборната кампања на претседателот Хамид Карзаи минатата година.

Во експлозијата биле повредени најмалку пет лица, меѓу кои и чувари пред домот на Ага.

НАТО, пак, соопшти дека војник на Алијансата загинал во експлозија на објект на Националната армија на Авганистан во покраината Кабул. Биле повредени и неколку војници.

Разузнавачки претставници велат дека авганистанските сили за безбедност уапсиле девет осомничени милитанти кои наводно планирале напади во Кабул.

XS
SM
MD
LG