Линкови за пристапност

НАТО усмрти четири лица во инцидент во јужен Авганистан


НАТО издаде соопштение во кое изразува длабоко жалење за инцидентот.

НАТО соопшти дека негови војници во понеделникот отвориле оган врз автобус во покраината Кандахар во јужен Авганистан, при што загинале најмалку четири лица, а повредени се 18.

Патролатата започнала да пука откако возачот ги одбил предупредувањата да запре. Војниците на НАТО пренеле дел од повредените до воена болница.

НАТО издаде соопштение во кое изразува длабоко жалење за инцидентот.

Група Авганистанци излезе на улиците на Кандахар сити во знак на протест за убиството. Инцидентот го осуди и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

XS
SM
MD
LG