Линкови за пристапност

Контроверзата на Националниот ден за молитва


На 15-ти април судијката од сојузната држава Висконсин, објави одлука на 66 страници во која стои дека законот го крши американскиот Устав со наложување на верска активност.

Текстот на американскиот јавен закон број 324 вели: „Претседателот секоја година објавува прокламација со која првиот четврток во месец мај се прогласува за Национален ден на молитва, кога американскиот народ може да се сврти кон Господ во молитва и медитација во цркви, групи и поединечно.“

Законот е усвоен во 1952 година и потпишан од поранешниот претседател Хари Труман. Конгресот усвои измени во законот во 1988-та, а поранешниот претседател Роналд Реган го потпиша. Со тоа првиот четврток во мај стана Национален ден на молитва.

Но, на 15-ти април судијката од сојузната држава Висконсин Барбара Краб, објави одлука на 66 страници во која стои дека законот го крши американскиот Устав со наложување на верска активност.

Судијката Краб наведува дека молитвата е моќна активност заради што владата не може го користи својот авторитет да наметнува време и начин за молитва. Националната фондација за слобода од религијата, група „слободоумници“ со седиште во Висконсин, ја покрена постапката.

Нешто помалку од една недела по објавената одлуката, адвокатите од Фондацијата за верска слобода во редовите на армијата, се подготвуваа да поднесат барање со кое христијанскиот евангелист Френклин Грем, син на популарниот проповедник Били Греам, ќе се спречи да има свое обраќање во Пентагон.

Грем на неколкупати има кажано дека е сторено „зло“ во името на исламот. Во уреднички коментар во Вол стрит џурнал од 2001-та, Греам вели дека е убеден оти „зло е направено во име на исламот или која било друга вера, вклучувајќи ја и христијанската.“ Годинава, Греам е почесен преседавач на Националниот ден на молитва.

Мики Ваинстаин, поранешен советник во администрацијата на Реган, е на чело на Фондацијата за верска слобода во редовите на армијата. Тој вели дека неговата организација била подготвена да поднесе жалба во име на муслиманите во Пентагон.

„Ни се обрати мошне голема заедница на исламски членови во американската армија, офицери, војници на активна служба, цивилен персонал. Ставивме јасно до знаење дека или поканата ќе биде поништена или ќе тужиме“, вели Ваинстаин.

Џеј Секулов е на чело на Американскиот центар за право и правда, христијанска правна организација со седиште во околината на Вашингтон. Секулов за Гласот на Америка изјави дека поништувањето на поканата на Грем е иронично бидејќи неговата организација била инволвирана во многубројни хуманитарни активности во муслиманскиот свет, вклучувајќи ги Судан, Јордан и Ирак.

„Евагелистичката асоцијација на Били Грем и Френклин Грем има сторено многу повеќе во исламските земји, од обезбедување храна, засолниште и лекови за муслиманите, отколку било друга организација вклучувајќи го Црвениот крст во целиот свет.“

Сепак, не се хуманитарните активности на Грем што предизвикуваат немир во Пентагон, туку неговите изјави за исламот.

Ибрахим Хопер е портпарол на Советот за американско-исламските односи во Вашингтон. Тој за Гласот на Америка изјави дека верува оти секој во САД е одговорен за своите убедувања, но Националната специјална единица за Националниот ден на молитва – евангелистичка христијанска организација, е таа што ги организира настаните со кои муслиманите не се согласуваат.

„Концептот на Националниот ден на молитва очигледно не важи исклучително за христијаните. Но, организаторите на овој настан се озлогласени заради исклучување на секој кој нема нивна вера. Муслиманите може да дојдат, но не може да се обратат од подиумот“, вели Хопер.

Портпаролот на американската армија изјави дека местото на Грем би го зазел некој што ќе има пошироко гледиште на религијата.

Ширли Добсон, која е на чело на работната група за организирање на Националаниот ден на молитва, вели дека исклучувањето на Грем од настанот, чиј син служи во Авганистан, е апсурдно.

Гласот на Америка не успеа да добие изјава од свештеникот Грем бидејќи тој бил на службен пат. Тој и натаму е на дневен ред да зборува во Претставнички дом на Конгресот.

Белата куќа соопшти дека претседателот Обама планира да издаде прокламација со која и овој 6-ти мај ќе биде прогласен за Национален ден на молитва. Одделот за правда вели дека ќе го брани својот статут. Судијката Краб вклучи препорака со која нејзината одлука нема да стапи на сила се` додека не се разгледаат сите жалби. Некои експерти велат дека пресудата ќе падне, но други веруваат дека предметот ќе стигне до Врховниот суд на САД.

XS
SM
MD
LG