Американската агенција за вселенско истражување – НАСА соопшти дека телескоп лансиран во вселената во декември, открил 25.000 нови астероиди.
Тескопот наречен Вајс во саботата го коплетираше набљудувањето на небото и започна со нова серија фотографии.
НАСА вели дека телескопот открил 15 нови комети и стотици потенцијални кафени ѕвездени објекти поголеми од планета, но помали од ѕвезда.
НАСА додаде дека телескопот забележал и ултрафлуоресцентна галаксија, на оддалеченост од преку 10 милијарди светлосни години, формирана од други галаксии при нивното судирање.
Телескопот, вреден 320 милиони долари, кружи на околу 500 километри над Земјата и прави фотографија на секои 11 секунди.