Според нова теорија, Земјата дамна имала и втора, далеку помала месечина која се судрила со онаа што ја знаеме денес.
Екипа научници од Универзитетот Калифорнија во Санта Круз тврдат дека судирот се случил пред околу четири милијарди години и дека ја објаснува малку искривената форма на Месечината, како и различниот терен и хемискиот состав на почвата на нејзината темна страна, за разлика од осветлената.
Теоријата е објавена во журналот Природа. Минатата година, друга екипа научници од истиот универзитет објави спротивна теорија според која разликите во почвата се резултат на гравитационото влечење од Земјата.