Линкови за пристапност

Нема трага од исчезнатите рудари во Западна Вирџинија


Гувернерот на Западна Вирџинија Џо Манчин на прес-конференција во средата соопшти дека спасувачите почнале да удираат по цевки во рудникот, но не добиле никаков одговор.

Спасувачките екипи ја избушија првата дупка во рудникот за јаглен во Западна Вирџинија каде од експлозија во понеделникот загинаа 25 лица, но засега нема трага од четворицата рудари кои се` уште се водат за исчезнати.

Гувернерот на Западна Вирџинија Џо Манчин на прес-конференција во средата соопшти дека спасувачите почнале да удираат по цевки во рудникот, но не добиле никаков одговор.

Спасувачките тимови бушат три дополнителни дупки во длабочина од преку 330 метри, со цел да се испуштат токсичните гасови, но и да се дојде до шест метри широката просторија каде се верува дека се рударите.

Концентрација од опасните гасови метан и јаглероден моноксид ја попречи работата на спасувачките тимови во обидот да дојдат до местото каде се верува дека се за да можат порано да почнат со активностите, како и со напорите за извлекување на телата на 14-те потврдени загинати рудари од рудникот.

Гувернерот Манчин и Кевин Стиклин одговорен за безбедноста во рудникот, рекоа дека спасувачките операции биле отежнати и поради штетата причинета од експлозијата. Тие велат дека просторијата била тесна, темна и полна со стара опрема.

XS
SM
MD
LG