Линкови за пристапност

Хронологија на клучните настани во американско-либиските односи


Хронологија на клучните настани во американско-либиските односи
Хронологија на клучните настани во американско-либиските односи

2011 - Претседателот Барак Обама потпиша извршна наредба за санкции против Либија

1969-1970: Моамар Гадафи беше на чело на државниот удар против монархијата на 1-ви септември 1969-та. Новата либиска влада ги затвори американските армиски инсталации и американските сили постапно заминаа од земјата.

1979: Гневна толпа проирански Либијци ја нападна и опожари американската амбасада во Триполи, извикувајќи слогани за поддршка на исламската влада што порано истата година ја презеде власта во Иран.

1981: САД соборија два либиски ловци кои летаа над Заливот Ширти, за кој Либија тврди дека е во нејзини територијални води.

1986: Либија беше обвинета за смртоносниот бомбашки напад врз диско-клуб на 5-ти април, преполн со американски воен персонал. На 14-ти април, американскиот претседател Роналд Реган нареди напад во кој загинаа дваесетина луѓе, вклучувајќи ја и усвоената ќерка на Гадафи.

1988: Во експлозија беше соборен авион на компанијата Пан-Ам над Локерби во Шкотска, при што загинаа 11 лица на местото на уривањето и над 250 патници и членови на екипажот, повеќето од нив американски државјани. Со инцидентот се поврзани осомничени либиски лица.

1992: ОН воведоа санкции против Либија во овид да извршат притисок врз владата да испорача двајца либиски државјани по кои беше издадена потерница за нападот на авионот на Пан-Ам.

1999: Либија ги предаде двете лица осомничени за вмешаност во бомбашкиот напад над Локерби. ОН ги прекина санкциите против Либија, но не ги укина.

2001: На 31-ви јануари, шкотскиот суд го осуди Абдел Басет ал-Меграхи на доживотна казна затвор за нападот над Локерби. Против вториот осомничен беа повлечени обвиненијата.

2003: Либија презеде одговорност за нападот над Локерби и потпиша договор за компензација на семејствата на жртвите. Советот за безбедност на ОН ги укина санкциите против земјата. Во декември, Либија соопшти дека ќе ги прекине програмите за производство на оружје за масовно уништување.

2006: САД ги обновија дипломатските односи во Либија, што помогна за постигнување на деловни договори меѓу двете земји. Три години подоцна, во Либија беше назначен американски амбасадор.

2008: Американската државна секретарка Кондолиза Рајс беше во историска посета на Либија, за која Стејт департментот изјави дека претставува „нова фаза“ во американско-либиските односи. Нафтената компанија Ексон мобил со седиште во Тексас постигнаа договор со Либиската нафтена корпорација во висина од 97 милиони долари.

2010: САД извезоа добра во Либија во вредност од 665 милиони долари, а увезоа производи од 2,1 милијарда.

2011: Растечкото насилство по востанието во Либија резултираше во тоа американските компании да ги повлечат извршните раководства и вработените од земјата, што резултираше со пораст на цените на нафтата. Стејт департментот соопшти дека во Либија живеат околу 6.000 американски државјани, повеќето со двојно државјанство. Стејт департментот наведува дека околу 600 Американци работат во нафтената индустрија и индустриите слични на неа.

Претседателот Барак Обама потпиша извршна наредба за санкции против Либија, велејќи дека континуитраното насилство и немирите претставуваат несекојдневна и вонредна закана по американската национална безбедност и надворешна политика. САД истовремено ја затворија својата Амбасада во Либија.

XS
SM
MD
LG