Линкови за пристапност

Прикриена акција на ЦИА можно е да цели на Гадафи


Прикриена акција на ЦИА можно е да цели на Гадафи
Прикриена акција на ЦИА можно е да цели на Гадафи

Едно од средствата на располагање на американскиот претседател во услови на меѓународна криза, наведуваат стручњаците

Во време на меѓународна криза, американскиот претседател има на располагање редица потези што може да ги повлече, почнувајќи од дипломатски мерки па се` до целосна воена акција. Но, некаде помеѓу овие две, се наоѓа и прикриената акција.

Едноставно дефинирано, ваквата акција е каков и да е обид на американската влада за промена на економската армиска или политичка ситуација во странство на прикриен начин. Разузнавачките професионалци сметаат дека таа е поинаква од тајната операција, која се однесува на шпионажата и контраразузнавачките активности. Прикриената акција може да значи многу нешта, вклучувајќи пропаганда, прикриено финансирање, изборна манипулација, вооружување и обука за бунтовници, па дури и поттикнување на државен удар.

Дали во Либија во моментов се води прикриена акција? Оние кои го знаат одговорот на ова прашање – не кажуваат. Впрочем, клучот за успешна прикриена акција е – тајноста.

Џенифер Симс, професорка која во моментов е со професионален престој на Катедрата за безбедност на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, а важи за специјалист по разузнавачки прашања, наведува дека прикриената акција не треба да се презема без претходно да се утврди што ќе биде, или барем што треба да биде нејзиниот краен резултат.

„Како во гимнастиката: ако сте се затрчале, а не знаете каков потег сакате да направите - подобро да не сте се ни затрчале. Не сум сигурна дека сега работите на теренот во Либија се јасни. Не знам каква е нашата моќ да собираме информации на теренот, но ќе биде тешко. Не знаеме каков ќе биде исходот - барем би требало да дознаеме“, вели Симс.

Американските прикриени акции вообичаено ги врши ЦИА. Чарлс Ален, кој минал 40 години во оваа разузнавачка агенција, вели дека предлозите за прикериените акции не потекнуваат од шпионите, туку од политичарите. ЦИА во голем дел е само инструмент, тврди Ален.

„ЦИА во редок број случаи го предлага ова. Ова вообичаено доаѓа од претседателот и неговиот кабинет, државниот секретар, секретарот за одбрана или Националниот совет за безбедност. Некои претседатели ретко преземале прикриени акции, други пак, често“, вели Ален.

Симс ги смета тајните акции за мошне примамливи средства што му стојат на располагање на претседателот.

„Позитивно е што моше да добиете добри резултати со минимална употреба на сила. Криејќи го ангажманот на САД, постои надеж дека САД нема јавно да бидат изложени на јавна критика во однос на исходот. Негативното е што се крие вмешаноста на САД, и, доколку биде обелоденета, критиката за акцијата може да биде погубна“, вели Симс.

Така, одредени операции како планот за инвазија на Куба во 1961-ва, беа катастрофални. Други, како поддршката на муџахедините во Авганистан во 1980-те против советската окупација бо најголем дел се сметаат за успешни. Во 1975-та, пак, беа обелоденети американски заговори за атентати врз странски лидери. Фокусирањето на јавноста на оваа тема доведе до воведување на строги правила за прикриените акции, вклучувајќи задолжително одобрение од претседателот за такиот потег и известување на осум клучни членови на Конгресот одговорни за разузнавачка контрола.

XS
SM
MD
LG