Линкови за пристапност

Црвен крст: етничкото насиство однесе неколку стотици животи во Киргистан


Според Агенцијата на ОН за бегалци, 275.000 лица ги напуштиле домовите поради насилството.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст вели дека етничкото насилство во јужниот дел на Киргистан однело неколку стотици човечки животи, а претставник на ОН наведува дека судирите започнале со координирани напади.

Привремената претседателка на Киргистан Роза Отунбаева, вторникот кажа дека бројот на загинати во градовите Ош и Џалалабад би можел да биде поголем од 176, колку што првично бееше соопштено. Според киргистански официјални лица и сведоци, ситуацијата навидум започнала да се смирува.

Според Агенцијата на ОН за бегалци, 275.000 лица ги напуштиле домовите поради насилството. Илјадници преминуваат во соседен Узбекистан, или пак се собираат во близина на границата. Бегалците сведочат за силувања и убиства.

Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права вторникот соопшти дека има докази што сугерираат дека насилството било координирано и започнало со пет истовремени напади во Ош минатиот четврток. Според портпаролот Руперт Колвил, целта била да се предизвика нестабилност.

XS
SM
MD
LG