Линкови за пристапност

Кинески и јапонски лидери разговараат за Северна Кореја


Јужна Кореја соопшти дека неделава од Советот за безбедност на ОН ќе побара разгледување на прашањето за мартовското потопување на бродот Чеонан.

Кинескиот премиер Вен Џиабао и неговиот јапонски колега Јукио Хатојама, во понеделник се сретнаа во Токио, на разговори за растечката тензија меѓу Северна и Јужна Кореја.

Хатојама повторно го повика кинескиот премиер да ги поддржи напорите за укорување на Северна Кореја заради потопувањето на јужнокорејскиот воен брод.

Јужна Кореја соопшти дека неделава од Советот за безбедност на ОН ќе побара разгледување на прашањето за мартовското потопување на бродот Чеонан. Јужна Кореја и меѓународната истрага го обвинуваат Пјонгјанг за исфрлање торпедо врз бродот, по што загинале 46 морнари. Пјонгјанг порекнува секаква вмешаност.

По средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Мунг-бак и јапонскиот премиер Хатојама во саботата, премиерот Џиабао ја истакна потребата за избегнување на конфликт меѓу двете Кореи. Сепак, тој не им се придружи на Хатојама и на Мунг-бак во обвинувањата на Северна Кореја за инцидентот.

XS
SM
MD
LG