Линкови за пристапност

Американска црква останува на планот да го запали Коранот на 11-ти септември


Специјален претставник на Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека потегот ќе ги отежни напорите за мир и стабилност во Авганистан.

Водачот на евангелистичка црква од 50 члена во Флорида вели дека останува на намерата да запали примероци на Коранот на 11-ти септември, и покрај критиките од владата на претседателот Барак Обама, ОН и верски лидери.

Отецот Тери Џонс средата за ТВ-мрежата Си-Би-ЕС изјави дека неговата црква смета дека пораката со палењето е мошне важна и кажа дека протестот е насочен кон радикалниот ислам.

Ватикан соопшти дека палењето на Коранот би бил „ужасен и тежок гест“. Ватиканскиот совет за меѓурелигиски дијалог потенцираше дека сите вери имаат право на почитување и заштита на нивните свети книги, објекти за молитва и симболи.

Специјален претставник на Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека потегот ќе ги отежни напорите за мир и стабилност во Авганистан.

Критики упатија и американската државна секретарка Хилари Клинтон и главниот правобранител Ерик Холдер.

XS
SM
MD
LG