Ѕвездата на Американската национална кошаркарска лига – Ен-Би-Еј, синоќа во ударен вечерен термин на спортскиот канал И-Ес-Пи-Ен, соопшти дека наредната сезона ќе игра за Мајами хит.
Дваесетипетгодишниот Џејмс истакна дека изминатите седум сезони неговото срце било со Кливленд, но сепак има желба да го освои шампионатот, а во партнерство со Двејн Вејд и Крис Бош шансите за тоа се добри.