Линкови за пристапност

Македонија и Бугарија споделуваат заедничка визија за иднината


Македонија и Бугарија споделуваат заедничка визија за иднината
Македонија и Бугарија споделуваат заедничка визија за иднината

Интеграцијата во европските и евроатлантските структури - клучен предуслов за трајна безбедност и економски развој.

Иднината на двете земји, но и на сите земји од регионот е интеграцијата во европските и евроатлантските структури, како најважен предуслов за трајна стабилност, демократски и економски просперитет, оценија претседателите на Македонија и Бугарија Ѓорге Иванов и Георги Прванов.

Според заедничкото соопштение за средбата што се одржа во Охрид, Иванов и Прванов ја делат потребата дека двете земји треба да ги искористат потенцијалите за јакнење на економските односи и заедничкиот настап и соработката во проекти од патната, железничката и енергетската инфраструктура.

Првите луѓе на Македонија и Бугарија, кои присуствуваа на затворањето на Струшките вечери на поезијата, имаат и заедничка визија дека продлабочувањето на соработката во културата, науката и образованието ќе биде дополнителен поттик за подобрување на билатералните односи.

XS
SM
MD
LG