Линкови за пристапност

Иран: новите санкции - психолошка војна


Иран: новите санкции - психолошка војна
Иран: новите санкции - психолошка војна

Но, без ефект, тврди официјален Техеран.

Иран ги отфрли новите санкции против својата владина и централна банка, нарекувајќи ги психолошка војна.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Рамин Мехманпараст денес изјави дека Иран нема финансиски трансакции во САД, со што санкциите немаат ефект. Тој коментираше на извршната наредба на американскиот претседател Барак Обама со која американските банки можат да замрзнат средства што припаѓаат на иранската влада.

Обама ги наведе „залажувачките потези“ на иранските банки да прикријат трансакции, како и „натамошниот и неприфатлив ризик“ што иранските активности го носат за глобалниот финансики систем како причини за санкциите.

САД и ЕУ изминативе недели го заострија економските санкции против иранската централна банка и нафтената индустрија за да извршат притисок врз официјален Техеран да запре со збогатувањето на ураниум – нуклеарен процес што може да има и армиска, и цивилна примена.

Иран тврди дека нуклеарната програма е за цивилни потреби.

Белата куќа понеделникот соопшти дека досегашните санкции имале „значително влијание“ на иранската економија и дека ги влошиле односите меѓу иранските водачи.

XS
SM
MD
LG