Милиони корисници на четвртата верзија на Ај-фон се разбудија подоцна од планираното поради софтверски проблем со алармот на будилникот вграден во телефонот.
Ова е уште една непријатна епизода за производителот Епл. Токму истиот телефон минатото лето имаше проблеми со антената. Од компанијата најавуваат дека брзо ќе ја исправат грешката. Експертите, пак, коментираат дека поправката на реномето на овој скап телефон ќе биде сосема поинаква приказна.