Линкови за пристапност

Американскиот главен правобранител во посета на Авганистан


Посетата на Холдер на Авганистан се случува среде зголемени тензии заради анти-корупциските напори на владата на оваа земја.

Американскиот главен правобранител Ерик Холдер се наоѓа во Авганистан на разговори за напорите на авганистанската влада во борбата против корупцијата и подобрување на судскиот систем во земјата.

Во соопштение објавено во средата, Холдер истакна дека справувањето со корупцијата и поддржувањето на владеењето на правото се главни приоритети на администрацијата на Обама.

Холдер истакна дека САД ќе продолжат да и` помагаат на авганистанската влада во креирање и одржување на ефикасен правен систем.

Посетата на американскиот главен правобранител на Авганистан, што Одделот за правда вели дека ќе вклучи и средби со авганистански и американски претставници, се случува среде зголемени тензии заради анти-корупциските напори на владата на Авганистан.

Во понеделникот, американската конгресменка Нита Ловеј која претседава со поткомисијата за странска помош при Претставничкиот дом, изјави дека блокирала речиси четири милијарди долари во фондови наменети за Авганистан по наводите дека големи суми американска помош биле изнесувани надвор од Авганистан.

XS
SM
MD
LG