Линкови за пристапност

Работењето од дома – добро за животната средина


Работењето од дома – добро за животната средина
Работењето од дома – добро за животната средина

Сепак аналитичарите велат дека за повеќето компании работењето од дома не е поттикнато од заштеда на енергија, туку повеќе се сведува на задржување на добрите работници и зголемување на продуктивноста.

Околу 33 милиони Американци работат од дома или од кафуле барем еднаш месечно. Целата идеја на работење од дома звучи како заштеда на енергија, зашто не го користите автомобилот, штедите бензин и пари за бензин.

Сан Мајкросистемс има таканаречена Отворена програма за работа, со која им дозволува на вработените да работат од каде сакаат. Компанијата во 2007-ма изработила и студија за навиките на луѓето кои работеле од дома и дознала дека просечниот работник кој работи од дома два дена во неделата, на крајот заштедува 500 до 600 долари годишно на трошоци за бензин.

Сепак, работите се многу покомплицирани од тоа.

Арпад Хорват е професор за цивилен и еколошки инженеринг при Универзитетот Калифорнија Беркли. Тој го проучувал овој тренд.

„Оној кој работи од дома, мора практично да одржува две канцеларии, и во двете мора да има електрична енергија во секое време“, вели Хорват.

Тој додава дека притоа може и да не важи правилото на заштеда на енергијата, бидејќи токму дома користете повеќе енергија. Исто така, ако не патувате до работа, својот автомобил го користите за незавршени домашни обврски, што значи и дека не заштедувате многу на бензин.

Професорот Хорват вели и дека за заштеда на поголемо количество на енергија, пожелно е лицето да работи од дома постојано, да се откаже од канцеларијата во компанијата и да нема дополнителни приватни трошоци, како и да не патува на одмори повеќе од вообичаено.

Сепак, за многумина ова не функционира на тој начин.

Анкетите на Истражувачката мрежа Телеворк, покажуваат дека помалку од два процента од Американците работат од дома постојано. Овде се јавува и прашањето на доверба на шефот спрема вработените, што за некои од менаџерската бранша е важно.

Друга пречка што може да се јави при работење од дома, сте самите вие. Дома немате со кого да разговарате, заради што некои се договараат заедно да работат од дома, кога се лоцирани блиску. Така штедат на канцелариски простор, но и на превоз. Дури, има компании кои нудат простор за работа од дома, како на Мајк Кеслер, на пример, косопственик на таква компанија во Мичиген.

Сепак аналитичарите велат дека за повеќето компании работењето од дома не е поттикнато од заштеда на енергија, туку повеќе се сведува на задржување на добрите работници и зголемување на продуктивноста.

XS
SM
MD
LG