Линкови за пристапност

Зголемен интерес за зелена карта во Македонија


Зголемен интерес за зелена карта во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

Не размислуваат сите да заминат во САД или на друго место но, интересот е сепак голем

Желбата да го живее американскиот сон стана реалност за Даниел Спироски од Струга, благодарение на програмата Лотарија за зелена карта на американскиот Стејт департментот.

Аплицирал осум години по ред, но, минатата година конечно среќата му се насмеала. Вели дека со семејството заминува од економски причини.

„Очекувам да живеам. Не одам на печалба но, очекувам, како што велат, да го живеам американскиот сон. Подобар живот, подобра заработувачка. Имам мало дете. Сакам таму да се школува и да ни` е полесно. И овде се работеше и овде имав работа но, некако парите не остануваа“, вели Спироски.

Даниел е само еден од стотината македонци кои изминатите години преку оваа програма ќе стапнат на американско тло.

Според податоци од амбасадата на САД во Скопје, во периодот од 2011-та до 2015-та година, вкупно 1.542 лица од Македонија биле извлечени за зелена карта. Најголема стапка имало во 2015-та , вкупно 436 лица.

DV 2011 263

DV 2012 160

DV 2013 262

DV 2014 421

DV 2015 436

Агенциите коишто помагаат при аплицирањето годинава, бележат зголемен интерес во однос на минатите години и покрај неодамнешните барања на американскиот претседател Доналд Трамп за укинување на оваа програма.

„Има разни профили кои се интересираат. Има фамилијарни луѓе, но има и млади. Ја добиваат нашата помош при пополнување на апликациите и им го даваме бројот за потврда со кој потоа го чекаат извлекувањето“, вели Мила Милеска од туристичка агенција во Струга.

Во прилог на ваквата ситуација оди и високата стапка на невработеност во Македонија, којашто изнесува 22,6 проценти, додека невработеноста кај младите се движи околу 50 проценти. Развојот на претрпиемништвото и програмите за самовработување, се добар чекор во насока на намалување на овој проблем, но не се доволни.

„Од старт политиките да ги задржиме младите овозможувајки им работа, е само еден дел од проблемот. Другиот дел е како да се зајакне чувството кај младите дека тие треба да бидат во Македонија и покрај тоа што можеби нема да заработуваат како надвор. Еден од начините што мислам дека ќе помогне е кога завршуваат младите средно, веднаш истата година треба да волонтираат“, изјави Катерина Василеска од локалната агенција за развој од Струга.

Сепак, не сите размислуваат да заминат во САД или на друго место. Таков е примерот со една група на млади луѓе од Охрид кои работат во "ИТ" секторот.

„Наши клиенти се луѓе кои работат на разни позиции во странство, како на пример Американци. Скоро работевме со еден градежник во Њу Орлеанс кој почнува со неговиот бизниз за градење на куќи. Ние го изработивме целиот процес на изработка на веб-страници и брендинг. Гледаме што повеќе да соработуваме меѓутоа да останеме тука“, рече Марија Савеска од "Стартап зона" - Охрид.

Таа додава дека мото под кое што работат, е размислувај глобално но, делувај локално.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG