Линкови за пристапност

Турција и Грција преземаат мерки за градење меѓусебна доверба


Десет клучни министри од двете земји одделно ќе се среќаваат еднаш годишно на разговори за серија билатерални прашања.

Турција и Грција соопштија серија мерки за градење на меѓусебна доверба што би помогнало да се надминат долгогодишните територијални спорови.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу новите чекори ги објави во четвртокот во Анкара заедно со заменикот-министер за надворешни работи Димитрис Друцас, кој се наоѓа во официјална посета на Турција.

Со мерките обете земји се обврзуваат да организираат заедничка воена вежба на офицери.

Давутоглу додаде дека Турција и Грција ќе можат да заштедат на воени трошоци доколку нивните односи се базирани на заеднички интерес наспроти перцепцијата дека претставуваат закана една за друга.

Десет клучни министри од двете земји одделно ќе се среќаваат еднаш годишно на разговори за серија билатерални прашања.

Дипломатите во четвртокот соопштија и дека турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган наредниот месец ќе ја посети Атина.

XS
SM
MD
LG