Линкови за пристапност

ММФ: Грчката економија во полоша ситуација отколку што се мислеше


ММФ: Грчката економија во полоша ситуација отколку што се мислеше
ММФ: Грчката економија во полоша ситуација отколку што се мислеше

Реформи не се спроведуваат според планираното, а инвеститорите се` уште не ја смениле негативната перцепција.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) оценува дека грчката економија е во многу полоша состојба од очекуваното.

Според шефот на мисијата на ММФ во Атина, Пол Томсен, институцијата очекувала грчките финансии веќе да бидат на пат кон опоравок, година и половина откако земјата стана зависна од меѓународна помош. Наместо тоа, домашната економија и натаму слабее, кажа Томсен. Грчките реформи доцнат и не се спроведуваат според планираното, а инвеститорите се` уште не ја смениле негативната перцепција, оцени претставникот на ММФ. Тој рече и дека било тешко да се обезбеди политичка поддршка за неопходните мерки на штедење.

Шефот на преодната влада на Грција се обидува да го убеди грчкиот парламент да се согласи на условите на последната помош од ЕУ, што вклучуваат кратења на владините трошоци, зголемување на даноците и укинување на илјадници владини работни места. Грција мора да ги прифати овие услови доколку сака да ја добие ратата од 11 милијарди долари од минатогодишниот пакет-помош за избегнување на банкротство. Мерките на штедење се непопуларни во Грција и предизвикаа бројни протести по улиците.

XS
SM
MD
LG