Веќе втор ден по ред цената на златото е на рекордно високо ниво. Инвеститорите се фокусираат токму на него за сметка на ослабениот американски долар.
Дополнително, неколку настани изминативе неколку месеци, како политичките немири на Блискиот Исток и земјотресот и цунамито во Јапонија, принудија одредени инвестори да вложуваат во златото.
Неговата цена ја надмина маргината од 1.500 долари за една унца, а според најновите податоци, инвеститорите почнале да покажуваат и интерес за среброто. Една унца сребро сега чини преку 44 долари највисока сума во последниве три децении.