Линкови за пристапност

Еколошките горива навлегуваат во морнарицата на САД


Еколошките горива навлегуваат во морнарицата на САД
Еколошките горива навлегуваат во морнарицата на САД

Морнарицата засега користи смеса на биогориво што сепак содржи 50% нафта, поради подмачкување на моторите, но целта е со натамошни истражувања и тие 50% да се заменат со еколошки извори на енергија

Нафтените цени се значаен фактор во потрагата по еколошки извори на енергија, што дури и армијата бара алтернативи. Американската морнарица објави дека донела тактичка одлука да пронајде почисти извори на енергија.

Борбените авиони, бродовите, а од неодамна и хеликоптерите, се префрлаат на биогорива направени од семе на брасика, од кое, инаку, се прави сенфот, и од алги.

Секретарот на морнарицата Реј Мабус вели дека со текот на времето, половина од енергетските ресурси за овој сегмент на вооружените сили ќе доаѓа од алтернативни извори.

„Целта е до 2012-та носачите на авиони, задно со офанзивните елементи, да користат алтернативни горива, независно за какви станува збор. Тоа го нарековме голема зелена флота“, наведува Мабус.

Морнарицата изврши успешно тестирање на биогоривата на разни пловила и воздушни летала. Мабус вели дека не размислува за набавка на нова опрема на алтернативна енергија, туку попрво на адаптирање на постојната опрема на биогорива.

Еколошки горива се несомнено поволни за животната средина и за економијата. Но, морнаричкиот исчекор кон алтернативни извори на енергија е и од стратешка природа.

„Премногу купуваме гориво од потенцијално експлозивните места во светот. Уште една причина: доставата на само еден галон бензин до првите борбени редови во Авганистан чини пари, напор, и е многу опасна по животот. Армијата загуби илјада војници кои ги обезбедувале конвоите со гориво во Ирак и во Авганистан“ вели секретарот на морнаричките сили.

Морнарицата засега користи смеса на биогориво што сепак содржи 50% нафта, поради подмачкување на моторите, но целта е со натамошни истражувања и тие 50% да се заменат со еколошки извори на енергија.

XS
SM
MD
LG