Линкови за пристапност

Како републиканското мнозинство би влијаело на надворешната политика?


Како републиканското мнозинство би влијаело на надворешната политика?
Како републиканското мнозинство би влијаело на надворешната политика?

Доколку републиканците добијат мнозинството во Претставничкиот дом и во Сенатот, може да значи и интензивирање на критиката дека претседателот немал доволно остра политика кон Иран.

Евентуалното републиканско мнозинство по конгресните избори во САД би можело да има значително влијание на меѓународните прашања.

Претседателот Барак Обама има најавено дека планира да започне со повлекување на американските сили од Авганистан до средината на следната година, доколку дозволат условите на теренот. Аналитичарите велат дека смената во Конгресот во смисла на републиканското мнозинство, краткорочно, би довело до поголема поддршка за војната во Авганистан. Истовремено, можно е да креира и конфликт во Конгресот, доколку демократите започнат да вршат притисок за повлекување на војниците наредната година.

Во републиканската агенда е вклучено и ветувањето за строг приод кон тероризмот и притисок за потемелен систем за противракетна одбрана. Доколку републиканците добијат мнозинството во Претставничкиот дом и во Сенатот, тоа може да значи и интензивирање на критиката дека претседателот немал доволно остра политика кон Иран и иранскиот потенцијал за развивање на нуклеарно оружје.

Републиканците може да извршат притисок врз Обама да биде понаметлив во однос на несогласувањата со Русија и Кина. Оваа ситуација може да ги комплицира напорите за ратификување на новиот договор со Русија за стратешко намалување на вооружувањето.

XS
SM
MD
LG