Десетици милиони луѓе во 2009-та година беа заболени од грип, по што се опоравија. Сега, научниците идентификуваа антитела во нивната крв што може да ги заштити од идна појава на епидемија на грип и што може да води до универзална вакцина против грип.
Секоја појава на епидемија на грип е производ на уникатен вирус на грип, што за возврат бара да се употреби уникатна вакцина.
Патрик Вилсон од Универзитетот Чикаго и неговите колеги извеле лабараториски тестови што индицираат дека антителата кај пациенти заболени од таканаречениот свински грип, се одбрамбен механизам за различни видови на грип, а не само на еден вид, за кој и постои актуелната вакцина.
„Откривме дека изминативе 10 години овие антитела се нашле во вкрстена реакција со вирусот на свинскиот грип Ха1Ен1. Тие реагираа и на пандемијата на грипот од 1918 година и на еден од смртоносните вируси Ха-5. Така, добивме еден широк спектар на реакции“.
Тоа е затоа што антителата произведени како одговор на свинскиот грип целат на делови на вирусот заеднички за сите варијации на грип. Идентификувањето на овие делови се` досега беше нејасно.
Доколкu се` се одвива според планот, Патрик Вилсон предвидува дека универзалната вакцина против грип ќе може да биде на пазарот за пет до десет години.
Најновото истражување е објавено во Журналот за експериментална медицина.