Линкови за пристапност

Делегација на ФИФА во посета на Австралија


Делегација на ФИФА веќе ги посети Јапонија и Јужна Кореја, а потоа ќе замине за Холандија и Белгија кои се кандидираат заедно. Други на листата се Русија, Англија, Шпанија и Португалија, САД и Катар.

Шестчлена делегација на ФИФА пристигна во Австралија каде ќе отпочне тридневна инспекција на стадионите и други објекти во земјата која конкурира за домаќин на Светското фудбалско првенство во 2018 или 2022 година.

Во десет градови и шест држави и територии во Австралија нови стадиони би биле изградени во Перт, Канбера и Блектаун, а девет други би биле реновирани доколку Австралија победи во наддавањето.

Делегација на ФИФА веќе ги посети Јапонија и Јужна Кореја, а потоа ќе замине за Холандија и Белгија кои се кандидираат заедно. Други на листата се Русија, Англија, Шпанија и Португалија, САД и Катар.

Собраните информации ќе бидат поднесени до извршната комисија на ФИФА која одлуката за домаќинот за Светското фудбалско првенство во 2018 и 2022 година ќе ја соопшти на 2-ри декември во Цирих.

XS
SM
MD
LG