Линкови за пристапност

САД со најмногу нови барања за социјална помош во последниве шест месеци

Американскиот претседател Барак Обама истакна дека неговата администрација прави се` што е можно за поттикнување на економијата во земјата, а за процесот на опоравување кажа дека ќе биде потребно уште многу време да се реализира.

Барањата за социјална помош во САД се на највисоко ниво во последниве шест месеци, доказ дека пазарот на работна сила не се опоравува со очекуваното темпо.

Според најновиот извештај на Одделот за труд, бројот на лицата кои бараат социјална помош од државата се зголемил за 2.000 и во моментов во САД се регистрирани 484.000 невработени.

Економистите велат дека бавното и нерамномерно опоравување на пазарот на работна сила и` штети на потрошувачката што е движечка сила на поголемиот дел од економијата во земјата. Слабата потрошувачка практично го забавува економското опоравување и развој.

Извештајот е дополнение на претходните информации дека состојбата со американскиот трговски дефицит се влошува.

XS
SM
MD
LG