Линкови за пристапност

Судниот ден – 21-ви мај 2011-та?


Судниот ден – 21-ви мај 2011-та?
Судниот ден – 21-ви мај 2011-та?

Проповедите за крај на светот на радио-свештеник предизвикаа од голем интерес - до исмејување

Американски радио-свештеник предвидува дека библиското пророштво за Судниот ден ќе се оствари во сабота, на 21-ви мај 2011-та. Предупредувањето предизвика од голем интерес - до исмејување. Добрите познавачи на Библијата, пак, коментираат дека сценаријата за крај на светот се длабоко вкоренети во американските верски убедувања.

Пораката се емитува на Семејното радио – мрежа станици во САД и странство со која раководи 89-годишниот Харолд Кампинг. Тој не е официјален свештеник и не е поврзан со ниту една црква. Па сепак, категоричен е дека откако ја проучил Библијата, Судниот ден ќе започне со земјотрес, во сабота на 21-ви мај оваа година.

„Според Библијата, ова ќе биде најголем земјотрес што светот го видел досега“, изјави Кампинг во интервју за Гласот на Америка.

Според христијанското верување, на Судниот ден или Второто враќање на Исус Христос, верниците ќе се издигнат на небото, а грешните ќе страдаат од кататсрофи на Земјата.

Кампинг признава дека една погрешил со исто предвидување, во 1994-та година, но инсистира дека овојпат е во право.

„Не е спорно, ќе се случи, застрашувачки е до крајни граници, но ги следиме божјите инструкции во обидот да му соопштиме на целиот свет“, вели Кампинг.

Неговите следбеници деновиве ја ширеа пораката во каравани ширум САД, рекламирајќи на билборди долж главните патишта.

Според студија на Истражувачкиот центар Пју за верски и јавен живот изработена во 2006-та година, 20% од Американците веруват дека Второто враќање на Исус Христос ќе се случи во нивниот животен век. Дури и поранешниот американски претседател Роналд Реган во неговиот дневник забележал дека се наблиужува Судниот ден..

Винсон Синан, кој предава верска историја на Универзитетот Риџент во Вирџинија Бич, вели:

„Цинично и сурово е заради искрените верувања на милиони христијани да се проповеда дека Второто враќање на Исус точно на одреден ден, кога повеќето од нив веруваат дека Исус може да дојде во секој момент и дека треба да бидеме подготвени“. “

Во анкета во Вашингтон, некои од случајните минувачи, вака го опишуваат предвидувањето:

„Може да се случи утре, може да се случи за 5.000 години - не знам, но знам дека сум подготвен“, вели Кит Хастингс од Пенсилванија.

„Подготвена сум, кога и да се случи. Дефинитивно знам дека некаде постои подобро место“, смета Мери Бет Донатели од Илиноис.

Во случај ништо да не се случи, експертите велат дека следбениците на верувањето би имале изговор како – Господ решил да му даде уште една шанса на човештвото. Потоа, проповедниците ќе се подготвуаваат за - промоција на друг датум.

XS
SM
MD
LG