Линкови за пристапност

Клинтон: Кина да биде поактивна во дебатата за санкции против Иран


Клинтон ова го изјави во интервју за канадската телевизија во Отава во понеделникот, каде учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на осумте најбогати земји во светот.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека Кина е се` поприемчива во однос на идејата за казнена акција против Иран поради неговите нуклеарни амбиции.

Клинтон ова го изјави во интервју за канадската телевизија во Отава во понеделникот, каде учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на осумте најбогати земји во светот.

Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Франција, Британија, Русија и Кина, плус Германија, преговараат со Иран околу неговата нуклеарна програма. Западните земји повикуваат на нов пакет санкции против Техеран, но Кина редовно беше против, залагајќи се за продолжување на дијалогот.

Клинтон вели дека Пекинг сега се согласува со ставот на САД дека е „неприфатливо Иран да се вооружи со нуклеарно оружје“. Таа додаде дека Кина ќе биде вклучена во дискусиите на Советот за безбедност по прашањето за воведување нови санкции против Иран.

XS
SM
MD
LG