Линкови за пристапност

Годишнина од хаваријата во Чернобил


Годишнина од хаваријата во Чернобил
Годишнина од хаваријата во Чернобил

Тогашните советски власти дури по три дена од инцидентот известија за него

Украина ја одбележува 25-та годишнина од смртоносната експлозија во нуклеарната централа Чернобил, што резултираше во најтешката нуклеарна катастрофа во историјата.

Во време кога Јапонија се справува со последиците од катастрофалниот земјотрес што доведе до експлозија во нуклеарката Фукушима, украинскиот претседател Виктор Јанукович на денешната церемонија изјави дека ниту една земја не може самата да ги надмине последиците од катастрофа од такви размери.

Во главниот град Киев се одржа комеморација за загинатите во хаваријата во Чернобил. Во екплозијата на 26-ти април 1986-тата загинаа две лица, а по изложеност на радијацијата неколку месеци подоцна, животот го загубија 30 други.

Во тоа време Украина беше дел од Советскиот Сојуз, а властите во Москва дури по три дена од инцидентот известија за него, реагирајќи откако шведските власти регистрираа невообичаено ниво на радијација.

Експлозијата во Чернобил ослободи 400 пати повеќе радијација од атомската бомба врз Хирошима во 1945-та и создаде нуклеарен облак што се прошири во Русија, Белорусија и поголемиот дел на Европа.

Светската здравствена организација верува дека конечниот број на жртви како резултат на инцидентот би можел да биде околу 4.000.

XS
SM
MD
LG