Линкови за пристапност

Власта и опозицијата се поделија и околу лустрацијата


Власта и опозицијата се поделија и околу лустрацијата
Власта и опозицијата се поделија и околу лустрацијата

Претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиевски по настапот на Ивановски изјави дека Комисијата ќе одлучува дали јавниот исказ ќе смени нешто во нивното сомнение дека судијата соработувал со тајните служби.

Комисијата за лустрација утврди дека ниту еден пратеник во Собранието не соработувал пред 1990-тата година со тајните служби. Оваа констатација наиде на реакции кај политичката опозиција. ВМРО-народна и ДПА ја обвинија Комисијата дека крие податоци и дека тие две партии располагаат со аргументи дека најмалку еден пратеник од владеачката ДУИ и еден од владеачката ВМРО-ДПМНЕ биле соработници на тајните служби на комунистичкиот режим. Комисијата, пак, утврди дека еден судија од Уставниот суд бил соработник на тајните служби.

„Повелете, линчувајте ме ако сум виновен затоа што како малолетник и учесник во младо-националистичка група сум се борел за независноста и самобитноста на Македонија. Ова не е лустрација, туку кастрација на слободниот ум“, изјави понеделникот пред Комисијата за лустрација претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски, кој претходно самиот побара да му биде дозволено јавно да го објасни неговиот случај.

„Јас немам артилерија за да се бранам. Јас сум Давид, Голијат е другиот кој што има и инструменти, и органи, и можност за притисок, ако сака да ја дискредитира и институцијата, и мене како носител на таа институција“, изјави Ивановски.

Тој пред Комисјата соопшти дека нема намера да се повлече од функцијата.

Претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиевски по настапот на Ивановски изјави дека Комисијата ќе одлучува дали јавниот исказ ќе смени нешто во нивното сомнение дека судијата соработувал со тајните служби.

Во меѓувреме, се интензивираат политичките меѓупартиски препукувања. Љубе Бошковски, преседателот на Обединети за Македонија, побара од самиот премиер Никола Груевски да се лустрира. Во јавноста се во оптек многу шпекулации со имиња на пратеници од владеачките партии за кои се тврди дека биле некогашни соработници на тајните служби.

Претходно, Груевски истапи во јавноста со отворено писмо во кое прашува: „Се појавува информација дека некој пратеник, кој на времето бил висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, бил под лупа на комисијата за лустрација. Колку што јас знам, ваква официјална изјава од комисијата нема. Загрижувачки е што една ваква дезинформација од извори со сомнителен кредибилитет се прифаќа од некои медиуми и политичари кои се под директна контрола на СДСМ како апсолутна вистина. Во еден друг случај, што е многу пострашно за демократијата, некои структури пак истакнуваат дека имаат информации директно од комисијата, иако таа е независно тело. Прашувам како премиер, од каде ви се тие информации“?

„Се` е јасно“, се заклучува во писмото. “Нападни го ВМРО-ДПМНЕ, за да го затскриеш Уставниот суд за чиј член комисијата јавно се изјасни дека бил соработник на тајните служби“, наведува премиерот.

На наводите од писмото СДСМ преку пратеникот Јани Макрадули реагираше дека „целата негова конструкција се потпира на целосни невистини, а тоа е дека посочениот судија на Уставен суд бил избран на предлог на Бранко Црвенковски и дека преку него биле попречувани владините реформи“.

XS
SM
MD
LG