Линкови за пристапност

Викиликс: Американски дипломати се залагале за Боинг


Викиликс: Американски дипломати се залагале за Боинг
Викиликс: Американски дипломати се залагале за Боинг

Според Њујорк тајмс, дипломатите ја известувале централата во Вашингтон за барањата, а таа постапила по некои од нив

Според нови инфомации на Викиликс, постоело пазарење меѓу американски дипломати и странски влади околу продажба на високотехнолошки производи вредни десетици милијарди долари, а кои гарантираат илјадници работни места во САД.

Во написот објавен во понеделничкото издание на „Њујорк тајмс“ се цитираат американски дипломатски телеграми објавени на контроверзната Интернет-страница Викиликс. Инцидентите не се изненадувачки, но написот го опишува процесот во повеќе детали од кога и да е` порано.

Написот се фокусира особено на дипломатската помош за авиокомпанијата Боинг во натпреварот со европскиот ривал Ербас.

Во еден случај, телеграмите наведуваат дека кралот на Саудиска Арабија ставил јасно на знаење дека би бил позаинтересиран за производите на Боинг доколку неговиот приватен авион биде опремен со истата вискотехнолошка комуникација и одбрамбени направи како во американскиот претседателски авион.

Други држави барале права за слетување во Њујорк, помош за безбедност во воздухопловството или за шанса за астронаут да се приклучи на американски лет во вселената, како дел од зделката за купување на авионите произведени во САД.

Според Њујорк тајмс, дипломатите ја известувале централата во Вашингтон за барањата, а таа постапила по некои од нив.

Весникот цитира и аналитичар, кој работел за Ербас, дека дипломатската помош го поткопува тврдењето на Вашингтон дека Ербас ужива неправедно голема владина помош.

XS
SM
MD
LG