Американскиот претседател вели дека нема да ги објави фотографиите на мртов Осама бин Ладен, направени откако тој бил убиен од американски командоси рано во понеделник.
Претседателот ова го кажа за американската телевизиска мрежа CBS, во интервју што ќе биде емитувано во среда.
Белата куќа дебатираше за објавување на фотографија што би била доказ дека бин Ладен е мртов. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни во вторник кажа дека фотографијата била грозоморна и дека може да биде потпалувачка.