Линкови за пристапност

Студија: Неколку фактори придонесуваат за аутизам


Студија: Неколку фактори придонесуваат за аутизам
Студија: Неколку фактори придонесуваат за аутизам

Аутизмот е серија пореметувања што влијаат на способноста на одредена личност за социјална интеракција или формирање пријателства.

Макс е 10-годишно момче со аутизам. Неодамна неговата мајка Мери Моен упати повик до американските законодавци да обезбедат дополнителни фондови за да се открие причината и лек за ова пореметување.

„Секое од семејствата на деца со аутизам има проблеми да пронајде одговор на прашањето зошто се појавува ова сложено пореметување“, вели таа.

Аутизмот практично е серија најразлични пореметувања што влијаат на способноста на одредена личност за социјална интеракција или формирање пријателства. Многу почесто е дијагностициран кај момчињата, отколку кај девојчињата.

Научниците не знаат што е причината за појавата, но и покрај генетските предиспозиции, најново е што акцентот е ставен на еколошките фактори или на комбинација од двете.

Д-р Исак Песах од Универзитетот Калифорнија – Дејвис, го истражува влијанието на животната средина на развојот на мозокот и аутизмот. Тој вели дека хемикалиите во комерцијална употеба, а ги има околу 80.000, можно е да влијаат на развојот на мозокот кај децата.

Пол Анастас од Американската агенција за заштита на животната средина, тврди дека подобрувањата во дијагностицирање на аутизмот не може да се главна причина за драматично зголемување на бројот на случаите на аутизам во светот.

„Нашата генетика не може да се претрпи толку нагли промени за да бидеме во ситуација да го објасниме зголемувањето на бројот на случаи од аутизам, така што најверојатно се работи за комбинација на генетските фактори и изложеноста на надворешните промени“, вели овој експерт.

Тешките метали како оловото и инсектицидите неодамна се поврзуваат со пореметувања кај новороденчињата и недостаток на степен на внимание кај деца над две години.

Американските центри за контрола на болести, велат дека формата на аутизам можно е да зафати едно на секои 150 деца во САД. Нивните родители велат дека за подобро справување со ова пореметување потребни се подобри услуги и ресурси. Сепак, експертите тврдат дека најважно е да се најде причината за аутизмот да може да биде спречен или целосно излечен.

XS
SM
MD
LG