Линкови за пристапност

Првите дипломати на САД и Австрија повикуваат на реформи во Босна и Херцеговина


Првите дипломати на САД и Австрија повикуваат на реформи во Босна и Херцеговина
Првите дипломати на САД и Австрија повикуваат на реформи во Босна и Херцеговина

Клинтон ја пофали неодамнешната одлука на австриската влада за продолжување на мировната мисија на Балканот, како и на Голанската Висорамнина на Блискиот Исток.

Австрискиот министер за надворешни работи Мајкл Шпинделегер, чија земја е организатор на конференцијата за реконструкција и стабилизација на Балканот што наредниот месец ќе се одржи во Берлин, смета дека сега е моментот да се истакне потребата од реформи во Босна и Херцеговина.

„Формираат нова влада и ова е вистинскиот момент да ги советуваме дека очекуваме уставни реформи во Босна и Херцеговина“, рече Шпинделегер во Стејт департментот каде вторникот се сретна со американската колешка Хилари Клинтон.

Тој додаде дека ова е и вистински момент да се изврши притисок. Минатата недела, Босна и Херцеговина го инаугурираше новото тричлено претседателство.

Клинтон, која минатиот месец беше во посета на Балканот, ја предупреди Босна и Херцеговина да спроведе реформи или да ризикува дека ќе заостанува зад своите соседи во интеграцијата во Европа.

„Веруваме дека има потреба од уставни реформи за владата да функционира поефикасно“, рече Клинтон.

Австриецот Валентин Инцко, виш претставник и специјален пратеник на ЕУ за Босна е одговорен за цивилните аспекти на мировниот договор што стави крај на граѓанската војна во 1995-та. Тој пред Советот за безбедност на ОН минатата недела истакна дека расправиите меѓу заедниците на босанските муслимани, Срби и Хрвати и натаму се на штета на реформите.

Клинтон ја пофали неодамнешната одлука на австриската влада за продолжување на мировната мисија на Балканот, како и на Голанската Висорамнина на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG