Линкови за пристапност

АРМ наполни 18 години


АРМ наполни 18 години
АРМ наполни 18 години

На централната свеченост министерот за одбрана Коњановски потенцираше дека АРМ ја исполнува задачата „да биде суверен гарант на територијалниот интегритет на Македонија, демократијата и слободата на нејзините граѓани“.

„Пред 18 години, со официјалното промовирање на првите единици на Армијата на Република Македонија, потврдивме дека сонот може да стане реалност. Докажавме дека идеалот е остварлив и дека Република Македонија е независна држава со сопствена армија која ќе биде гарант на нејзината безбедност, суверенитет и територијален интегритет“, се вели во честитката на премиерот Никола Груевски до припадниците на Армијата на Република Македонија по повод 18-ти август - Денот на АРМ.

Датумот е избран бидејќи токму на овој ден во 1943-та година е формиран баталјонот „Мирче Ацев“ како прва регуларна воена единица на Народноослободителната војска на Македонија.

На централната свеченост во скопската касарна „Илинден“, министерот за одбрана Зоран Коњановски потенцираше дека АРМ ја исполнува задачата „да биде суверен гарант на територијалниот интегритет на Македонија, демократијата и слободата на нејзините граѓани“. Подвлекувајќи дека Македонија е меѓу првите пет земји според бројот на мировниците во однос на бројот на жителите во мисиите во Ирак, Авганистан, БиХ и Либан, Коњановски побара во евроатланските интеграции земјата да биде правилно вреднувана.

„Бараме да го добиеме заслуженото и да направиме принципиелен исчекор базиран на меѓусебно почитување и дијалог“, рече Коњановски.

На церемонијата по повод роденденот на армијата присуствуваше претседателот и врховен командант на Република Македонија Ѓорге Иванов, поранешниот претседател Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски.

Честитајќи го празникот, претседателот Иванов се заложи за одвојување повисоки финансиски средства за привршување на започнатите реформи во армијата. Претходно, началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски, побара засилена финансиска поддршка за идниот развој на АРМ „како армија на земја - идна членка на НАТО“.

XS
SM
MD
LG