Линкови за пристапност

Вежба за олеснување на вознемиреноста пред тест


Вежба за олеснување на вознемиреноста пред тест
Вежба за олеснување на вознемиреноста пред тест

Научниците откриле дека студентите кои одвоиле неколку минути на писмено опишувајќи ги нивинте стравувања, успеале пред тестот да ја отстранат нивната вознемиреност

Многумина се нервозни пред некаков вид на тестирање. Но некои се толку обземени со вознемиреност, што почнуваат да се саботираат самите себеси, и потфрлаат на тестовите иако го знаат материјалот за испит, на пример.

Сион Бајлок е професор по психологија на Универзитетот Чикаго во Илиноис, кој истражувал зошто студентите станувале многу нервозни пред тест.

„Тие почнуваат да се грижат за последиците. Дури почнуваат да се грижат за тоа дали тестот ќе ги спречи да се запишат на колеџот што го избрале. Кога сме загрижени ни се одзема вниманието и се трошат ресурсите на меморија“, вели Бајлок.

Бајлок и неговиот колега Герардо Рамирез изработиле вежба која ја извеле студенти познати по голема вознемиреност пред тестови. Вежбата траела 10 минути, непосредно пред тестот. Тие на лист хартија пишуваат за нивните стравувања и грижи.

Научниците ја тестирале интервенцијата најпрво врз група студенти на возраст за колеџ, а потоа и врз помлади студенти. Тие откриле дека студентите кои одвоиле неколку минути на писмено опишувајќи ги нивинте стравувања, успеале пред тестот да ја отстранат нивната вознемиреност.

Научниците велат дека пишувањето помага да се замисли најлошото сценарио. Испитаниците притоа сфатиле дека – тоа и не е толку лошо и дека е решливо.

Експерите сугерираат дека дури и доколку професорот не им дозволува на студентите да ја применат оваа вежба пред испит или презентација, студентите тоа да го прават дома или во библиотека, на пример.

Написот за овој најнов експеримент е објавен во жирналот „Наука“.

XS
SM
MD
LG