Линкови за пристапност

Истрага за уривањето на авион во Аљаска


Еден од четворицата преживеани е поранешниот управник на НАСА Шин О`Киф, кој наводно е во критична состојба во болница во градот Енкориџ.

Истражни лица се на пат кон местото во Аљаска каде понеделникот се урна авион при што загина поранешниот сенатор од оваа сојузна држава, републиканецот Тед Стивенс.

Стивенс е меѓу петмината жртви на несреќата што се случи во близина на зафрлено рибарско село.

Еден од четворицата преживеани е поранешниот управник на НАСА Шин О`Киф, кој наводно е во критична состојба во болница во градот Енкориџ.

Едномоторниот авион се урнал на околу 525 километри југозападно од Енкориџ. Властите велат дека спасувачките екипи не успеале да допрат до местото на настанот се` до вторникот наутро поради лоши временски услови.

Причината за несреќата не е позната, но летовите во планинскиот регион на Аљаска може да бидат опасни. Воздушниот сообраќај е многу повообичаен во Аљаска споредено со повеќето американски сојузни држави поради големите пространства на дивина и мал број на патишта што ги поврзуваат поголемите градови.

Тед Стивенс мина 40 години во американскиот Сенат – најдолго на оваа функција во историјата на Републиканската партија.

XS
SM
MD
LG