Линкови за пристапност

Хуманитарен турнир во покер за помош на жртви на судири во Африка


Хуманитарен турнир во покер за помош на жртви на судири во Африка
Хуманитарен турнир во покер за помош на жртви на судири во Африка

Дури и да не им одат картите од рака, учесниците велат дека не е битно, оти во овој случај – сите добиваат.

Во Лас Вегас се одржа несекојдневен турнир во покер. За хуманитарна цел беа собрани милиони долари за помош и вртење на вниманието на жртвите на судирите во Дарфур и Демократската Република Конго.

Професионални покер играчи и познати личности ги здружија силите за да помогнат на областите во Африка погодени од судири.

„Колку повеќе придонесувате за креирање на стабилност во регионот, нови работни места и нова инфраструктура, толку е поголема можноста за трајни промени“, вели организаторот Ени Дјук.

Собраните средства годинава помогнаа да се изгради училиште во Дарфур. Четири години како што се организира турнирот, вкупно биле собрани преку три милиони долари. Боксерот Ивандер Холифилд и актерот Мет Дејмон се меѓу овогодишните учесници.

„Да се изгради училиште во Дарфур, тоа е прекрасно, опиплив резултат за оние кои донираат, може да го видат директното влијание во менувањето на животот на децата“, вели Дејмон.

Професионалните покер играчи се трогнати од она што го научиле за Африка.

„Брутално е она што се случува таму. Овој турнир е повеќе за да подигне свеста, отколку да се соберат пари“, изјави Џенифер Хармон.

На тоа се надоврзува нејзиниот колега Ерик Блок: „Една планета сме, поврзани. Она што се случува во Африка се одразува и на нашиот живот, без оглед каде живееме“.

Иако турнирот беше организиран поради судирот во Дарфур, дел од собраните средства одат и на проекти во Чад и Демократската Република Конго.

Дури и да не им одат картите од рака, учесниците велат дека не е битно, оти во овој случај – сите добиваат.

XS
SM
MD
LG