Линкови за пристапност

Обама: Карзаи останува „критичен партнер“


Американскиот претседател додаде дека верува оти Карзаи е определен да оствари подобрувања со кои неговата влада би добила поголем легитимитет.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека авганистанскиот лидер Хамид Карзаи останува „критичен партнер“ во борбата против тероризмот и покрај неговата неодамнешна остра реторика со Западот.

Обама за телевизијата Еј-Би-Си изјави дека верува дека неговиот авганистански колега ќе има клучна улога во напорот да се создаде стабилен Авганистан кој нема да му дозволи на Талебан да ја преземе контролата или да обезбеди засолниште за Ал Каида.

Американскиот претседател додаде дека верува оти Карзаи е определен да оствари подобрувања со кои неговата влада би добила поголем легитимитет. Обама сепак кажа дека тоа не значи дека нема да има ситуации кога тој и претседателот Карзаи ќе имаат несогласувања околу начините за тоа како да му се пристапи на проблемот.

Порано неделава, американски претставници одбија да го наречат претседателот Карзаи сојузник и индицираа дека поканата да го посети Вашингтон наредниот месец може да биде повлечена доколку тој продолжи со реториката против странските земји.

Сепак, американскиот советник за национална безбедност, генералот Џејмс Џонс во петокот изјави дека „нема измени“ во планот за посетата на Карзаи планирана на 12-ти мај. Тој додаде дека претставници на Белата куќа контроверзата веќе ја имаат ставено зад себе.

XS
SM
MD
LG