Линкови за пристапност

Авганистан: НАТО стрелал врз возило – загинале четворица цивили


НАТО првично јави дека двајца од убиените се познати бунтовници, но подоцна кажа дека сите четворица можеби биле цивили

Авганистански официјални лица велат дека војниците на НАТО отвориле оган врз возило во источниот дел од земјата при што биле убиени четворица цивили.

НАТО јави дека еден члерн на конвојот стрелал врз возило во провинцијата Кост откако биле игнорирани предупредувањата да запре.

НАТО првично јави дека двајца од убиените се познати бунтовници, но подоцна кажа дека сите четворица можеби биле цивили.

Преку соопштение, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги осуди убиствата и нареди истрага за инцидентот. Карзаи упати повик до меѓународните власти да избегнат цивилни жртви.

Претходно месецов, силите на НАТО отворија оган врз автобус во јужен Авганистан и убија четворица цивили. Инцидентот предизвика анти-американски протести.

Во меѓувреме, авганистански официјални лица рекоа дека заменикот- градоначалник во јужниот град Кандахар Азизулах Јармал бил застрелан додека се молел во џамија.

XS
SM
MD
LG