НАТО-силите убиле клучен водач на Ал-Каида во Авганистан. Во воздушен напад на 13-ти април во покраината Кунар загинал Абу Хафс ал-Наџди, исто така познат како Абдул Гани, вториот најбаран бунтовник во земјата, соопшти денес Алијансата.
НАТО наведува и дека Саудиецот координирал бројни поглавни напади, водел мрежа на бунтовници против силите за безбедност во Кунар, ги обучувал да прават експлозивни направи и раководел со финансиите на Ал-Каида.
Меѓу другите бутновници кои загинале во нападот е уште еден водач на Ал-Каида, за кого НАТО наведува дека често соработувал со Наџди на координирање на нападите против авганистанските и НАТО-силите.
НАТО вели и дека елиминацијата на Наџди претставува „значаен чекор“ во операцијата да ја спречи Ал-Каида.