Линкови за пристапност

Авганистанските лидери се собираат во Кабул за мировна конференција


„Џирга“, големото собрание, ќе се состане во среда, заедно со околу 1.600 делегати.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи се подготвува да биде домаќин на три-дневна конференција во Кабул, во надеж да постигне национален консензус за ставање крај на речиси деветггодишната војна.

„Џирга“, големото собрание, ќе се состане во среда, заедно со околу 1.600 делегати. Делегатите се претставници од секој дел од авганистанското општество, вклучувајќи ги племенските, провинциски и верски лиери.

Една од групите што не се поканети на „џирга“ е Талебан, тврдокорната исламистичка група симната од власт по инвазијата во 2001 под водство на САД, веднаш по терористичките напади во Њујорк и Вашингтон. Се верува дека сепак некои од делегатите може да се симпатизери на Талебан.

Талебан вели дека нема да се приклучи на мировните разговори се` додека странските трупи не се повлечат од Авганистан.

Околу Кабул, за време на „џирга“ ќе бидат распоредени илјадници безбедносни сили.

XS
SM
MD
LG