Линкови за пристапност

Најмлада црна дупка


Најмлада црна дупка
Најмлада црна дупка

Телескоп на НАСА што орбитира откри доказ за постоење на можеби најмлада црна дупка релативно блиску до Земјата – 50 милиони светлосни години.

Астрономот, Гас Џонсон, кој е наставник, за прв пат ја видел масивната експлозија што била наречена Супернова 1979-Ц. Опсервациите оттогаш нашле дека тоа е моќен извор на рентгенски зраци типични за црни дупки.

Црни дупки се региони толку големи, што на нивната гравитациона сила не може да избега ни светлината. Тие може да се формираат на крајот на животот на ѕвезда. Кога ѕвездата ќе го искористи своето нуклеарно гориво, нејзиното јадро ќе пропадне и таа станува супернова.

Даниел Патнод од Центарот за астрофизика на Харвард-Смитсониан, кој предводел нова студија за оваа претпоставена црна дупка, вели дека понекогаш резултатот е црна дупка, но понекогаш тоа е неутронска ѕвезда.

Патнод вели дека нема директен доказ дека Супернова 1979-Ц всушност оставила зад себе црна допка. Рентгенските зраци откриени од телескопот Чандра на НАСА што орбитира обезбедува само индиректен доказ. Но неговиот колега Ави Лоб вели ако тоа е црна дупка, може да даде важни докази за енергетските извори што ја даваат моќта на супернова, но исто така дава можност да се проучуваат некои од најекстремните услови што постојат во универзумот, зашто тие услови не може да се репродуцираат. Астрономите исто така очекуваат да добијат нови сознанија за тоа како црните дупки се шират со апсорбирање на целиот материјал што е во близина.

Научниците за овој проект зборуваа на прес-конференција во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG