„САД ги подржуваат евроатлантските интеграции на Македонија, но не е на САД , ЕУ или трета страна да наоѓа или наметнува компромисно решение за името. Ова е прашање кое треба да биде разрешено меѓу Грција и Македонија“, изјави заменик помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави, надлежен за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Хојт Брајан Ји, по средбата со премиерот Никола Груевски.
За време на престојот во Скопје тој се сретна и со пратениците на опозициската СДСМ.
„Со претставниците на Владата и на опозицијата разговаравме за заедничкиот интерес за изнаоѓање начини за надминување на преостанатите препреки на патот кон овие цели, вклучувајќи го и прашањето за името. Разговаравме за тоа како САД можат да бидат од помош во адресирањето на некое од овие прашања. Зборувавме за тоа дека Македонија и САД имаат широко воспоставени односи во изминативе 20 години и како да продолжи таа помош и соработка“, истакна Ји.
Одговарајќи на новинарски прашања тој рече дека со соговорниците разговарал генерално за заедничките интереси во однос на надминување на предизвиците, вклучувајќи го и спорот за името.
Високиот претставник на САД истакна дека САД ќе работаат заедно со двете страни за да помогнат да се дојде до решение. Кажа дека станува збор за долгогодишен предизвик за чие решавање биле вложени многу напори и дадени повеќе предлози и не би сакал да посочи на ниту едно конкретно прашање ниту пак дали едната страна е поодговорна од другата во процесот.
„За да дојдете до компромис потребно е двете страни да покажат флексибилност и да остават простор за компромис. Најважно за сите страни е да работат заедно и изнајдат компромис прифатлив за двете страни. Преферираме да гледаме напред, а не назад, да гледаме на она што е возможно оваа година кога големо внимание ќе биде посветено на регионот со оглед дека Грција претседава со ЕУ“, изјави Ји.
Заменик помошникот државен секретар Ји денеска имаше средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски, со вицепремиерот Фатмир Бесими, со поранешната вицепремиерка за евроинтеграции Теута Арифи. Тој се сретна и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Заев истакнал дека за Македонија е важно што поскоро да стане членка на ЕУ и НАТО и дека од голема важност е да се спроведат реформи за да се подобри слободата на медиумите, владеењето на правото и независноста на судската власт.
Лидеот на ДУИ Али Ахмети од своја страна нагласил дека е важно меѓународната зедница предводена од САД да се вклучи во решавање на проблемот со името.