Линкови за пристапност

Почна собраниската седница за уставните измени


Почна собраниската седница за уставните измени
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Премиерот Зоран Заев уште еднаш побара поддршка за уставните измени на почетокот на дебатата пред целиот состав на Парламентот.

Помирување за настаните од 27-ми април. Ова премиерот ѝ го понуди на ВМРО-ДПМНЕ на стартот на пленарната расправа за владиниот предлогот Собранието да пристапи кон уставни измени, за што е потребна поддршка и од опозициски пратеници. Заев, образложувајќи ја потребата од заокружување на Договорот од Преспа, како услов за членство во ЕУ и НАТО, побара од пратениците обединување за иднината на земјата.

„Ајде пратениците од левата страна да им подадат рака на колегите од десна страна. Ајде пратениците од десна страна да им подадат рака на колегите од лева страна. Одлична можност е да си простиме и да се помириме за 27 април. Знам дека има цена и подготвен сум да ја платам. Тоа е политичка цена“, рече Премиерот Зоран Заев.

Ваквиот настап на Заев, дел од јавноста го протолкува како политички пазар – амнестија за сметка на поддршка за уставните измени. „Поддавањето рака за помирување не значи амнестија. Помирувањето или простувањето е човечка особина и големина“ – беше одбраната на сопартијците на Заев на социјалните мрежи.

Опозицијата во Собранието, во кое беше и екс-премиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, порача дека овој пратенички состав нема легитимитет да разговара за промена на уставот.

„Собранието во овој состав, со пратеници кои не дале ветување за менување на името и имајќи ги во предвид резултатите од референдумот, нема легитимитет за носење одлука за промена на уставот”, рече пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.

Додека Заев во Парламентот бараше поддршка, уверувајќи дека владата е отворена за прифаќање амандмани на опозицијата во однос на уставните измени, пред Собранието помала група граѓани протестираше со транспаренти на кои пишуваше „не ве гласавме за да го менува името“.

XS
SM
MD
LG