Линкови за пристапност

Македонија меѓу најдобрите на Балканот во борбата против трговијата со луѓе


Boston Marathon bombing suspect Dzhokhar Tsarnaev.
Boston Marathon bombing suspect Dzhokhar Tsarnaev.

И годинава во првата група земји според најновиот извештај на Стејт департментот.

Македонија и годинава е во најдобрата група земји во борбата против трговијата со луѓе, според најновиот извештај на Стејт департментот.

Американската влада ја рангираше земјата во првата група на земји кои целосно го почитуваат Актот за заштита на жртвите од трговијата со луѓе. Македонската влада целосно ги исполнува минималните стандарди за елиминација на ова зло, наведува Стејт департментот во редовниот годишен глобален извештај на оваа тема.

Македонија е извор, дестинација и транзитна маршрута за жртвите на трговијата со луѓе и присилна работа. Македонските жени и деца се жртви на трговијата на самата територија на земјата. Странските жртви, кои кои предмет на принудна проституција или работа, доаѓаат од Албанија, Бугарија, Србија, Украина и Косово, стои во извештајот.

Стејт департментот, сепак, и` забележува на македонската влада дека не успеала да обезбеди финансиски ресурси за жртвите кои се наоѓаат во засолништа и дека не чини доволно за нивна реинтеграција. Официјален Вашингтон препорачува владата да дејствува проактивно и да ги зајакне напорите за идентификација на жртвите, како и да осигура дека нема да бидат депортирани или казнети како резултат на тоа дека биле дел од трговијата.

Стејт департментот ги рангира земјите во три групи. Оние од првата целосно ги почитуваат стандардите за борба против трговијата со луѓе. Во втората, земјите делумно ги почитуваат стандардите, а таа содржи и подгрупа во чии земји ситуацијата особено е влошена. Последната, трета група земји воопшто не го почитуваат Актот за заштита на жртвите од трговијата со луѓе.

Од регионот, Албанија, Босна, Бугарија, Косово, Црна Гора, Турција и Србија се наоѓаат во втората група, а на Македонија во првата, друштво и` прават Хрватска и Словенија.
XS
SM
MD
LG